Арсенал запиша убедлива победа против Њукасл со 4-0, головите постигнати во вториот дел, за само три минути два, во финишот уште два за убедлива победа.

Обамејанг и Пепе погодија за „топџиите“ во периодот од 54 до 57 минута и го најавија триумфот и трите бода  во 26 коло во најсилната фудбалска конкуренција на Англија.

До крајот на средбата, Озил постигна гол за убедлива предност 3-0, во судиското продолжение погоди и Лаказет за конечни 4-0. Арсенал има 7 победи, вкупно 34 бода во Премиерлигата, во моментов се наоѓа на 10. место, Њукасл со три бода помалку е на 12. место на табелата.