Екипата на Арсенал запиша победа на гости кај Лестер со 3-1, ова беше најверојатно најдобриот натпревар на „топџиите“ сезонава во Премиер лигата.

Тилеманс во шестата минута донесе предност за Лестер, па потоа дојде одговор од Арсенал со три гола. „Топџиите“ стигнаа до триумф со головите на  Давид Луиз, Лаказет и Пепе.