Лондонски Арсенал во целост ја оправда фаворитската улога против Стандард Лиеж совладувајќи го со 4:0 во 2 коло од групата Ф во Лига Европа.

Мартинели на двапати и по еднаш Вилнок и Себалјос го совладаа Савиќ за потврда на разликата во квалитет но и во форма.

 

Лацио со пресврт го победи Рен со 2:1 откако гостинот во Рим поведе преку Морел во 55 минута. Лацијалите израмнија со голот на Милинковиќ Савиќ во 64 минута а конечните 2:1 ги постави Имобиле во 75 минута.

Севилја со голот на Чичарито славеше во пресметката со Апоел. Ова за тимот од Шпанија беше втората победа во групата А каде во минатото коло го совладаа Карабах.

 

Од останатите натпревари ги издвојуваме:

Спортинг Лисабон – Ласк Линз 2:1 (Стефан Ристовски поради повреда не настапи за домаќинот)

Краснодар – Гетафе 1:2

Селтик – Клуж 2:0

Гимараеш – А. Франкфурт 0:1