Арсенал успеа да стигне до реми во 97-та минута од мечот против Фулам на Емирати. Со тоа речиси и ги завршија надежите на помалиот лондонски тим дека ќе дојдат до опстанок во Премиер лигата.

Првото полувреме мина без голови, иако поради ВАР поништен беше голот на Даниел Себаљос.

Второто полувреме пак го донесе двата гола на мечот, оној на Џој Маја од пенал во 59-тата минута, и оној на Едвард Нкиетах во 97-та минута за реми.

Со овој триумф Фулам останува на 18-тата позиција со 27 бода, односно шест помалку од 17-тиот Барнли и 16-тиот Брајтон, но и два натпревари повеќе од ривалите. Што значи дека надеж имаат за опстанок, но мисијата ќе им биде пеколно тешка до крајот. Арсенал пак со поразот останува на 9-тото место со 46 бода, но и можност да паднат на 11-тата позиција, односно под Лидс и Астон Вила.

Standings provided by SofaScore LiveScore