Арсенал го победи ВБА со 3-1, врза втора победа во низа во Премиер лигата и му го потврди патот на противникот кон понизок ранг на натпреварување.

„Топџиите“ со головите на Смит, Пепе и Вилијан запиша сигурна победа, за гостите голот е дело на Переира. Голот на Вилијан е вистинско ремек дело од слободен удар.

Арсенал има 52 бода на 9 позиција, ВБА остана на досегашните 26 бода на претпоследното место.