Шпанија е вториот финалист на машкиот фудаблски турнир на Олимписките игри во Токио.

„Фуријата“ со голот на Асенсио од 115 минута го совлада домаќинот Јапонија со 1:0 откако по 90 минути мрежите мируваа.

Шпанија во финалето за златниот медал ќе се бори со Бразил кој денеска го победи Мексико по изведувањето на пеналите.