Селта Виго го совлада Легансе со 1:0 во натпреварот од 25 коло и со ова излезе од зоната за испаѓање на табелата во Ла лига.

Единствениот гол на мечот го постигна Аспас во 62 минута, иако мора да споменеме дека домаќините играа со играч помалку по исклучувањето на Брадариќ во 21 минута.

Со денешниот триумф Селта напредуваше на 17 место со два бода повеќе од Мајорка која во критичната зона.