Англискиот премиерлигаш Астон Вила од денеска и официјално е посилна за Леон Бајли кој треба да биде директна замена за Џек Грилиш.

За Бајли, тимот од „Вила Парк“ на Баер Леверкузен му плати 30 ммилиони фунти.

Во текот на денот се очекува од Астон Вила и официјално да си замине Џек Грилиш кој за 100 милиони фунти ќе го засили Манчестер Сити и ќе биде поставен нов рекорден трансфер во Премиер лигата.