Астон Вила со голот во 94 минута на Дејвис стигна до бод, и со тоа го турна кон Чемпионшип тимот на ВБА кој се повеќе тоне на табелата.

Ел Гази го доведе тимот на Астон Вила во водство по само 9 минути игра, а во 23 ВБА израмни на 1-1 преку Переира.

Во вториот дел, со автоголот на Ингс, ВБА дојде до предност, но одговорот стигна во 92 минута преку Дејвис за конечни 2-2.

ВБА сега на табелата е претпоследен со 25 бода, Астон Вила е на 11 позиција со 45 бода.