Екипата на Астон Вила му го нанесе на Евертон првиот пораз сезонава.

Во 5. коло тимот од Бирмингем славеше со 3:0 и трите голови ги постигна во период од 66 до 75. минута. За девет минути фудбалерите предводени од Дин Смит дадоа три гола и го решија мечот.

Водство донесе Мети Кеш, а веќе во наредната акција Дињ си постигна автогол, потоа Леон Бејли зголеми на 3:0 што се покажа како конечен резултат.