Аталанта го совлада Милан на „Сан Сиро“ со 3:0 во дербито на 19 коло од Серија А. Ниту новите засилување, Манџукиќ и Меите кои денеска добија шанса, не успеаа да влијаат по резултатот.

Ромеро, Иличиќ и Запата ги постигнаа головите за тимот од Бергамо кој ја продолжи низата без пораз во елитата на Италија, за „Росонерите“ ова беше втор овосезонски пораз.

Удинезе освои бод против Интер на домашен терен, откако одигра без голови 0:0. Илија Несторовски не доби шанса за домаќините, остана на клупата за резерви.

Дополнителен проблем за Интер е тоа што Конте заработи црвен картон во 91 минута и сега го чека суспензија.

Standings provided by SofaScore LiveScore