Ливерпул неочекувано загуби со 0-2 дома од Аталанта во Лигата на шампионите, екипата од Бергамо стигна до победа и три бода со кои останува во игра за нокаут рундата.

Иличиќ и Госенс го шокираа првакот на Англија со два гола во вториот дел. Ливерпул е прв со 9 бода во Д-Групата во ЛШ, но Аталанта и Ајакс имаат по 7, тимот од Холандија го совлада Митјиланд со 3-0.