Аталанта со убедлива предност ќе патува во Валенсија, откако вечерва тимот од Бергамо славеше со убедливи 4-1.

Резултатот го отвори Хатебор, а во финишот на првиот дел преку Иличиќ ја дуплираа предноста. Во вториот дел Италјаните продолжија во ист ритам и по само 65.минути игра имаа веќе 4-0. Валенсија до крајот на мечот успеа да постигне почесен гол преку Черишев кој одлично пласираше од околу 20. метри.

За потсетување овој дуел се играше во Милано, на „Сан Сиро“, бидејќи стадионот на Аталанта не ги исполнува критериумите на УЕФА.

Реванш мечот се игра на 10. март на легендарната „Местаља“ каде Шпанците ќе се обидат да направат мало чудо.