Аталанта им се врати на победите во Серија А по онаа над убедлива над Удинезе од 7:1 на 27 октомври откако славеше на гостувањето кај Бреша со 3:0.

Пашалиќ со два гола (26 и 61 мин) и Иличиќ со неговиот гол „сам против сите“ во 92 минута и донесоа важна победа на екипата предводена од Гасперини во 14 коло од Калчо лигата.

За Бреша ова беше петти пораз во низа по кој останаа на дното на табелата со само седум освоени бодови по 13 кола.

 

Во следното коло Аталанта е домаќин на Верона а Бреша ќе гостува кај Спал.