Екипата на Аталанта во рамките на 35.коло од Италијанската Серија А ја совлада екипата на Парма со убедливи 2-5 и остана на втората позиција на табелата и е блиску до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Mалиновски со прецизен удар од 20 метри ја отвори серијата голови, по што уште пет погодоци беа постигнати во второто полувреме. Песина и Муриел донесоа водство на Аталанта од 0-3, Парма за момент намали, но Муриел со својот втор гол ја врати убедливата предност на гостите. Сом во 88. минута намали на 2-4, а конечните 2-5 ги постави Миранчук во 93. минута.

На останатите натпревари Верона и Торино ремизираа 1-1 со голови во финишот на мечот , а во директната пресметка за опстанок екипата на Каљари славеше со 3-1 над Беневенто и така за момент побегна од зоната за испаѓање.