Наполи не успеа да стигне до седмата победа во низа во Серија А, откако загуби на гостувањето кај Аталанта со 2:0.

Во израмнет натпревар на кој екипата предводена од Гатузо успеа да создаде повеќе шанси, но не и да реализира, домаќинот стигна до трите бода..

Головите на Пашалиќ (47 мин,) и на Госенс (56 мин.) беа доволни за три бода и зацврстување на четвртото место.

 

Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас не доби шанса на денешниот натпревар. Во следното коло Наполи ќе ја пречека Рома, а Аталанта ќе му гостува на Каљари.

Standings provided by SofaScore LiveScore