Аталанта успеа да стигне до голема победа на гостувањето кај Јувентус, во битката за Лигата на шампионите.

Херој за Аталанта беше Руслан Малиновски, чиј шут некаде 18 метри, се одби од Алекс Сандро и заврши во голот во 87-та минута.

Доколку во Торино падна само еден гол и тоа во финишот, во другите два натпревари од овој термин, ги имаше и повеќе од доволно, во Рим паднаа седум гола, додека во Болоња пет.

Братското дерби меѓу Симоне и Филипо Инзаги, заврши 5:3 за Симоне, односно Лацио беше подобар од Беневенто. Мечот беше отворен уште во 10-тата минута, кога Лацио поведе со автоголот на Фабио Депаоли. На 2:0 зголеми Чиро Имобиле во 20-тата минута. Од пенал во 36-тата на 3:0 зголеми Хоакин Кореа. Додека одличното прво полувреме со гол за Беневенто го затвори Марко Сау, со гол во 45-тата минута.

На 4:1 Лацио зголеми уште во 48-та минута во второто полувреме, со автоголот на голманот на Беневенто, Лоренцо Монтипо, на 4:2 намали Никола Виола од пенал, за 4:3 стрелаше Камил Глик, додека конечните 5:3 ги постави Чиро Имобиле во 96-тата минута

Болоња пак со головите на Орсолини, Бароу и двата на Свандберг беа подобри со 4:1 од Специја, за која единствен стрелец беше Исмајли.

Со оваа победа Аталанта го мина Јувентус на табелата и сега се трети со 64 бода, додека пак Јувентус е четврт со 62, а во врат им дише Наполи кој има 59. Со денешната победа и Лацио останува во игра за место во топ 4, односно се шести со 58 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore