Во дербито од 32.коло од Серија А,меѓу Јувентус и Аталанта, гостите од Бергамо во финишот од мечот прокоцкаа победа, откако Роналдо од пенал израмни и ги постави конечните 2-2.

Избраниците на Гасперини  го отворија резултато со голот на Запата во 16.минута. Во вториот дел, Јувентус преку Роналдо со удар од белата точак изедначи, но во финишот од натпреварот Малиновски со вистинска „бомба“ повторно ги доведе гостите до водство.

И кога сите мислеа дека Аталанта ќе слави, Роналдо и Јувентус се погрижија да им ги расипат плановите и со вториот гол од пенал на Португалецот „старата дама“ го избегна поразот.