Аталанта обезбеди пласман во Лигата на шампионите откако во меч со седум гола успеа да оствари победа на Џенова на гостински терен, за која еден од стрелците беше нашиот Горан Пандев. Покрај голот Пандев подели и една асистенција.

Инаку првото полувреме мина сосем во знакот на Аталанта, тие на пауза заминаа со 0:3. Стрелци беа Дуван Запата во деветтата минута, Руслан Малиновски во 26-тата и Робин Госенс во 44-тата.

Второто полувреме со гол го отвори Елдор Шомуродов со гол во 49-тата, а 12 минути подоцна односно во 61-та Марио Пашалиќ стрелаше за 1:4. Намалување на 2:4 донесе нашиот Горан Пандев од пенал  во 67-та минута. Додека конечните 3:4 по асистенција на Пандев ги постави Шомуродов во 85-тата минута.

Својата голема криза ја продолжува Торино кој денеска од Специја беше поразен со 4:1.

Со оваа на коло пред крајот Аталанта останува втора со 78 бода и сигурен пласман во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што имаат подобар меѓусебен дуел со Јувентус, кој најмногу што може сега е да има исто бодови со Аталанта.

Standings provided by SofaScore LiveScore