Сасуоло не знаеше што го снајде во воведните 45 минути против Аталанта во натпревар од 6 коло од Серија А кој заврши со победа за гостите од 4:1.

Гомез и Запата со по два гола ја матираа одбраната на домаќинот за водство од 4:0, разлика која остана недостижна за зелено –црните.

 

Сасуоло единствениот гол на мечот го постигна во 62 преку Дефрел по асистенцијата на Данкан.

Ова за Аталанта беше четврта овосезонска победа додека за Сасуоло четврти пораз.