Креативецот на нашата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Јани Атанасов постигна прекрасен гол во првото полувреме на гостувањето кај Црна Гора во натпревар од 2 коло од евровалификациите во групата 6.

Црна Гора поведе преку Скендеровиќ во 10 минута. На ова следуваше одговор од Јани Атанасов кој во 14 минута од слободен удар го совлада Дукиќ а во 33 минута нашиот репрезентативец реализираше од белата точка за 2:1 за Македонија.