Фудбалерите на Атлетик Билбао ја прекинаа позитивната низа на Гетафе откако славеа со 5:1 во натпревар од 20 коло во Ла Лига.

Плејмејкерот Раул Гарсија доби улога на напаѓач и одлично ја искористи со два гола во мрежата на Јанез, по еден гол постигнаа Алварез, Беренгуер и Де Маркос.