Продолжи катастрофалната низа резултати на Севиља и по денешното гостување кај Атлетик Билбао во 8 коло од Ла Лига.

Гостите поведоа со гол на Ен Несри во 9 минута и до крајот на првиот дел беа подобрито противник.

Во второто полувреме, домаќините направија четири измени и тоа донесе поинаков пристап и два гола. Муниаин израмни во 76 минута по додавањето од Везга додека во 86 минута Санцет ги постави конечните 2:1 за Атлетик Билбао.

 

Ова за Севиља беше трет пораз во низа во Ла Лига, додека за Билбао трета овосезонска победа.