Во рамки на групата Д во Лигата на шампионите, Атлетико во Мадрид го победи Баер Леверкузен со 1-0 со голот на Мората во 78 минута за важни три бода во борба за пласман во нокаут рундата.

Со оваа победа Атлетико има 7 бода и е на добар пат да обезбеди пласман во следната фаза од елитното натпреварување. Баер Леверкузен со овој пораз е елиминиран, го запиша третиот пораз во групата.

Вечерва во оваа група играат Јувентус и Локомотив Москва.