Атлетико Мадрид со два гола ја реши Хуеска и ја задржа лидерската позиција во Ла Лига. Головите се дело на Кореа и Караско во првото и второто полувреме.

Кореа погоди во финишот на првото полувреме, во 39 минута, додека Караско со гол 81 минута ја потврди победата. Атлетико со 73 бода е на лидерската позиција по 32 коло, на второто место е Реал Мадрид со три помалку. Екипата на Хуеска е на 17 место со 28 бода и во опасната зона.