Уругваецот Луис Суарез го постигна и својот трет гол во дресот на Атлетико Мадрид по доаѓањето од Барселона во триумфот од 2-0 како гостин против Селта.

Суарез го запиша третиот гол во низа за „јорганџиите“ во 6 минута, а печат на триумфот на гостите од Мадрид стави Караско длабоко во судиското продолжение.