Aтлетико Мадрид ја наполни мрежата на Кадиз на гости во 15. коло од шпанската Ла Лига (1:4), а сите голови беа постигнати во вториот дел.
Во првото полувреме немаше голови, но немаше  ни шутеви кон голот. Најдобрата шанса ја имаше Луис Суарез во 38. минута, но од поволна ситуација шутираше далеку над голот.

Јорганџиите брилијантно го започнаа вториот дел. Томас Лемар погоди во 56. минута, а потоа Антоан Гризман во 70. минута го удвои водството.

Французинот дојде до голем подвиг по голот на Кадиз. Тој постигна гол против 33 од 34 екипи против кои играше во Ла Лига. Интересно, тој не постигна гол само против неговиот сегашен клуб против кој претходно одигра 12 натпревари.

На 0:3 зголеми Анхел Кореа во 76. минута, а Чоко Лозано десет минути подоцна намали на 1:3. Во истата минута во која падна четвртиот гол на натпреварот, Матеус Куња го постави конечниот резултат на натпреварот