Дуелот за третото место на табелата во Ла Лига заврши без победик. Атлетико мадрид и Севиља одиграа 2:2 во 27 коло.

Сите голови беа постигнати во првото полувреме во кое Севиља поведе, Атлетико Мадрид направи пресврт а на крајот Окампос од пенал ги постави конечните 2:2.

Севиља останува на третото место на табелата и е во очекување на пресметката на Гетафе и Селта, Атлетико Мадрид пак е пети со два бода пред Реал Сосиеадад кој има и два натпревари помалку.

Во следното коло, Атлетико Мадрид ќе му гостува на Атлетик Билбао додека Севиља е домаќин на Бетис.