Атлетико Мадрид ја искористи френетичната атмосфера на „Ванда Метрополитано“ и славеше над акутелниот европски првак Ливерпул со 1-0.

Избраниците на Диего Симеоне победникот го решија уште во 4.минута со голот на Саул и до крајот без поголеми проблеми, во нивни стил го привршија мечот. Ливерпул успеа да создаде две стопостотни шанси преку Салах и Хендерсон, но мрежата на Облак не ја затресоја.

Реванш мечот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид се игра на „Енфилд Роуд“ на 11.март.