Голот на Алваро Мората од 23 минута се покажа како доволен за Атлетико Мадрид со победа да ја започне новата сезона во Ла лига.

„Јорганџиите“ го совладаа Гетафе со 1:0 во натпревар во кој Мората промаши пенал во 56 минута за 2:0.

На ова им предходеа црвените картони на Молина за гостите и на Ренан Лоди за домаќините.