Атлетико Мадрид ја запиша првата победа во Ла Лига по онаа на 4 јануари над Леванте откако славеше со 1:0 против Гранада во натрпевар од 23 коло.

Голот на Ангел Кореа од 6 минута се покажа како доволен за избраниците на Диего Симеоне да освојат три бода со кои се искачија на четвртото место на табелата и сега ќе го чекаат исходот од мечот на Селта и Севиља.

За Гранада ова беше 11 овосезонски пораз по кој останаа на 10 место на табелата. Во следното коло Атлетико Мадрид ќе и гостува на Валенсија а Гранада ќе го дочека Ваљадолид.