Диего Симеоне има уште една причина за радост и спокојство пред репрезентативната пауза откако Атлетико Мадрид лесно се справи со Кадиз совладивајќи го со 4:0 во 9 коло од Ла Лига.

Феликс и Љоренте му донесоа предност на домаќинот од 2:0 по првото полувреме.

 

На 3:0  Атлетико дојде со голот на Луис Суарез во 51 минута. Конечните 4:0 ги постави Феликс во 91 минута.

Во следното коло од Ла Лига на 21 ноември, Атлетико Мадрид ќе ја пречека Барселона.