Фудбалерите на Атлетико Мадрид покажаа карактер во победата над Виљареал во 25 коло во Ла лига.

Натпреварот го одбележи и камбекот на Жоеа Феликс кој по четири меча пауза поради повреда повторно доби шанса во тимот на Симеоне.

Гостинот поведе во 16 минута по одличната реализација на Пако Алкасер.

На ова избранците на Диего Симеоне одговорија со три гола, Кореа израмни во 40 минута.

На стартот од вториот дел во игра влезе Жоао Феликс и заедно со Коке реализираа за конечни 3:1.

 

Атлетико Мадрид постигна три гола на еден натпревар по пауза од 12 кола во Ла лига, последен пат ова го направи против Еспањол на 10 ноември кога победи со 3:1 на „Ванда Метрополитано“.

По 25 одиграни натпревари има постигна 28 гола а примено 18 што е многу под просекот на водечките Барселона и Реал Мадрид.