Диего Симеоне ќе има што да им каже на неговите играчи по денешниот дуел со Еибар во 3 коло од Ла лига. „Јорганџиите“ победија со 3:2 (1:2) но малку фалеше мечот да заврши без победник.

Гостинот во Мадрид постигна два брзи гола преку Чарлс и Арбиља но вториот беше вистинска бомба пред која немаше време да реагира ниту искусниот Облак.

По ова Феликс и Витоло го вратија во ритам домаќинот и израмнија на 2:2 а победата ја донесе Томас во последната минута од регуларниот дел.