Фудбалерите на Атлетико Мадрид не ја оправдаа улогата на фаворит против Алавес во 32 коло од Ла Лига и покрај победата од 2:1.

Откако во првото полувреме ништо не им одеше од нога на домаќините, Симеоне ги внесе Диего Коста и Лјоренте. Саул го претвори одличното додавање на Трипиер во гол во 59 минута.

Во 71 минута беше досуден контроверзен пенал за Атлетико Мадрид кој Диего Коста го претвори во гол.

Во првата минута од судиското продолжение, Алавес доби шанса за да реализира од пенал, Хоселу успеа да го матира Облак и да намали на 2:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore