Атлетико Мадрид ја прекина серијата од два меча без победа и успеа да дојде до висок триумф над Еибар од 5:0 на домашен терен. Оваа победа е многу важна за момците на Диего Симеоне, во битката за титулата, каде иако имаа голема предност, серијата лоши резултати им го донесе Реал Мадрид зад грб.

Атлетико се разбуди во финишот на првото полувреме кога со двата гола на Анхел Кореа, во 42-та и 44-та минута дојдоа до 2:0, што беше и конечниот резултат по 45 минути игра.

Уште три гола тимот од Мадрид во второто полувреме. Прво во 49-тата минута прецизен беше Јаник Караско, а триумфот со два гола го запечати Маркос Љоренте, ој стрелаше во 54-тата минута и 68-та.

Во битката за титутала покрај Атлетико, Реал Мадрид и Барселона, се вклучи и Севиља, која оствари победа на тешкото гостување кај Реал Сосиедад.

Домаќините прво водеа со голот на Карлос Фернандез во 5-тата минута, но Севиља дојде до пресврт уште во првото полувреме. За конечните еден 1:2 во две минути стрелаа Фернандо и Јусеф Ел Несири, тие беа прецизни во 22-та и 24-тата минута.

Атлетико Мадрид сега е прв со 70 бода, односно четири повеќе од Реал Мадрид и пет од Барселона, кои се уште ги немаат одиграно мечевите од ова кола, имаат шест повеќе четврата Севиља.