Воведниот натпревар од денешната програма од 28 коло во Ла Лига, меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид заврши без победник (1:1).

Домаќините поведоа со голот на Муниаин во 37 минута, асистираше Берчиде.

Атлетико Мадрид брзо се врати во игра благодарение на луцидната асистенција на Коке и завршницата на Диего Коста.

Во следното коло Атлетико Мадрид ќе и гостува на Осасуна додека Билбао е ќе истрча на теренот на Еибар.