Вардар на гостувањето во Кратово одигра нерешено 2-2, Силекс го запиша првиот нерешен натпревар на домашен терен.

Акцијата за пресврт и водство на лидерот ја започна Даниел Аврамовски, нанижа неколку играчи на Силекс од одбраната, двајца ги „легна“ на треватаи сервираше акција за гол и водство 1-2.

Аврамовски покажа дека е во добра форма и повторно се препорача на селекторот Игор Ангеловски.