Австрија ја оправда фаворитската улога против Македонија барем според прикажаното во првото полувреме пред 41 100 навивачи на „Ернст Хапел“ во натпреварот од 9 коло од Евроквалификациите.

Давид Алаба го постигна единствениот гол откако во 7 минута успешно го искористи додавањето од Лаинер за предност од 1:0. По повредата на Трајковски, во игра влезе Влатко Стојановски (деби настап за А тим) но ова не придонесе за промена на пристапот.

Австрија има уште неколку големи шанси преку Марко Арнаутовиќ и Саблизер но резултатот остана непроменет.

Во нашата група Г во овие моменти се игра и дуелот на Израел и Полска. По првото полувреме води Полска со голот на Кришовјак од 4 минута.