Ниту влегувањето на Ѓоко Зајков на стартот од второто полувреме на местото на дебитантот Младеновски не и донесе стабилност на на Македонија на гостувањето кај Австрија.

Домаќинот на „Ернст Хапел“ за само три минути во второто полувреме постигна гол преку Лаинер кој во првиот дел му асисистираше на Алаба за 1:0.

Ваквиот развој на настаните во Виена ги продлабочуваат проблемите со кои се соочува Ангеловски пред дуелот со Израел во Скопје во вторник.