Парма дојде до втората победа оваа сезона во Серија А а навивачите брзо ќе го заборават промашениот пенал на Инглесе.

„Млекарите“ славеа на „Енио Тардини“ со 1:0 со автоголот на Боурабија во последната минута до судиското надополнување.

Мароканецот влезе на местото на Магнанели во 85 минута и го приреди најубавиот момент за радост на трибините откако и најупорните веќе се откажаа од шансата дека Парма ќе успее да слави.