Реал Мадрид повторно е на првото место на табелата во Ла Лига откако ја совлада Хуеска со 4:1 во натпревар од 7 коло.

„Кралевите“ до петата победа оваа сезона во најсилното фудбалско првенство во Шпанија дојдоа благодарение на расположените Валверде, Бензема и Еден Азар.

Белгиецот се врати во почетниот состав на Зидан и постигна гол по пауза од 392 дена што дополнително го израдува Зидан.

На ова следуваше голот на Бензема во 45 минута за предност од 2:0 на полувреме. Во вториот дел, Валверде реализираше по додавањето до Бензема во 54 минута.

Гостите постигнаа гол во 75 минута, Фереро го совлада Куртоа.

Конечните 4:1 ги постави Бензема со својот втор гол денеска постигнат во судиското продолжение.

Реал Мадрид во следното коло ќе и гостува на Валенсија а Хуеска ќе го дочека Еибар.