Реал Мадрид забележа уште една победа во Примера со што се зацврсти на првата позиција.

Кралевите славеа на домашен терен против Гранада со 4-2, а за издвојување е деби голот на Азар во дресот на шпанскиот гигант. Белгиецот стрелаше пред крајот на првиот дел за зголемување на водството од 2-0, а автор на првиот гол беше Бензема.

Во 61. минута Лука Модриќ постигна прекрасен гол од далечина за убедлива предност од 3-0 за домаќините. Осум минути подоцна Ареола направи глупост, прекршок во својот шеснаесетник по што судијата покажа пенал. Мачис намали на 3-1, а Дуарте во 78. реализираше за 3-2 и интересен финиш на мечот.

Печат на победата стави Хамес Родригез во 92. минута од натпреварот.