Македонскиот „вечен“ талент Доријан Бабунски денес имаше одличен настап за Ботев Враца во Бугарската Прва лига постигнувајќи погодок и асистенција во победата на неговиот тим од 2-0 против Етар.

Бабунски стрелаше во 53.минута односно само 7.минути откако влезе во игра во второт дел а во 90.минута асистираше за конечни 2-0.

Доријан е помал од браќата Бабунски и е некогашен член на младинскиот тим на Реал Мадрид, но без некој поголем успех.По Реал Мадрид следеа екскурзии од типот на  Фуенлабрада, Олимпија,  Радомље за оваа зима од Јапонската втора лига , каде не се изнаигра многу , да направи трансфер во Ботев Враца.