Фудбалерите на Баер Леверкузен лесно го совладаа Лајпциг со 3:1 на гостински терен во 13. коло од германската Бундес лига.

„Фармацевтите“ се вратија на третото место со победата над директниот конкурент за место во Лигата на шампионите.

По нешто повеќе од половина час имаа два гола предност, благодарение на Флоријан Вирц и Муса Диабија, со што најавија триумф.

Во вториот дел Андре Силва внесе неизвесност, но само две минути подоцна Џереми Фримпонг ги „уби“ сите надежи на домаќините на Ред Бул Арената.

Баер е трет на табелата во Бундеслигата со 24 бодови, додека Лајпциг е осми со шест бодови помалку.