Фудбалерите на Баер Леверкузен обезбедија опиплива предност пред реваншот во Германија со Глазгов Ренџерс во осминафиналето во Европа Лигата откако вечерва во Шкотска славеа со 3:1 .

За победникот прецизни беа, Хавертс, Арагуниз и Бајли додека за домаќините реализираше Едминсон.

 

Шахтјор во Украина ќе го дочека Волфзбург со предност од 2:1 откако славеше во воведниот натпревар ви Германија со 2:1 со головите на Мораеш и на Антонио, за бундеслигашот во листата на стрелци се запиша Брокс.

 

Најнеисвесно беше во Грција каде Олимпијаскос со играч помалку ремизираше со островски Вулверхемптон (1:1) па за реваншот во Англија има активен резултат.