Баерн Минхен убедливо славеше на гостувањето вечерва кај Арминија Билефилд со 4-1, благодарение на расположеното напаѓачко дуо Милер – Левандовски, кои постигнаа по два гола.

Милер ја начна Арминија во 8 минута, по што на сџена стапи Левандовски со два гола до крајот на полувремето.

 

Милер на стартот на второто полувреме му донесе на Баерн високи 4-0, а домаќините до крајот успеаја да стигнат само до почесен гол преку Доен.

Актуелниот германски и европски првак гостувањето во Билефилд го заврши со играч помалку по исклучувањето на Толисо во 76 минута.