Реал Мадрид на првата подготвителна средба е поразен од Баерн со 3-1, мечот се одигра во Хјустон на денот кога пред 50. години човекот слета на месечината.

Нема простор за разочарување кај Реал Мадрид бидејќи ова е почеток на подготовките, ниту еуфорија за Баерн Минхен кој покажа дека и годинава е главен конкурент за титулата во Бундеслигата.

Головите за Баерн ги постигнаа, Толисо, Левандовски и Гнабри, за „кралевите“ единствениот гол е дело на Родриго од слободен удар.

Во составот на Реал Мадрид во почетните 11. имаше само едно ново име од засилувањата, Еден Азар кој одигра 45 минути а го носеше дресот со број 50.