Фудбалерите на Баерн Минхен се прошетаа низ Леверкузен и го победија Баер Леверкузен со 5: 1, во осмото коло од Бундеслигата.

Победникот беше решен по само 45 минути, за време на кои Баварците успеаја да ги постигнат сите пет гола.

Левандовски најави добро попладне за гостите во четвртата минута, со мајсторски гол.

Истиот играч ја удвои предноста во 30. минута по што следеше блицкрик во следните седум минути.

Томас Милер погоди во 34. минута, додека Серж Гнабри се запиша во листата на стрелците прво во 35., а потоа и во 37. минута.

Екипата на Јулијан Нагелсман стави сопирачки во второто полувреме од натпреварот, кога во мрежата на Нојер се виде уште еден гол, а стрелец во 55. минута беше Шик.

Со овој триумф, Баерн успеа да се осамостои на врвот на табелата со 19 бода, сега има три повеќе од Леверкузен, и еден повеќе од Дортмунд.