Европскиот првак Баерн Минхен со специјален подарок го изненади освојувачот на завршниот АТП турнир во Лондон, Данил Медведев.

Рускиот тенисер е голем фан на „баварците“, а тие му подготвија специјален дрес на клубот со неговото име на позадината и бројот 1.

Честитки за твојата титула во финалето на АТП во Лондон Имаме мал подарок за тебе што те чека овде во Минхен“, напишаа од Баерн на својот твитер профил.